Во ноември Заев на средба со Борисов во Софија – ќе се разговара и за Гоце Делчев


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во месец ноември, оваа година, македонскиот премиер Зоран Заев има закажана средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов во Софија.

Гоце Делчев ќе биде една од темите на разговор на средбата. Ова ќе биде прва средба на македонски и бугарски високи функционери по испраќањето на т.н. објаснувачки меморандум на Бугарија до земјите членки на ЕУ. Во овој меморандум Бугарија го оспорува македонскиот национален идентитет – македонскиот јазик и македонската нација.

„Очекуваме во периодот, не подоцна, од 10 ноември да направиме една средба. Секако јас сакам да ја посетам Република Бугарија и да биде мојата прва официјална посета како претседател на Владата заради тоа што навистина имаме и прашања за разговори. Тоа е токму прашањето за ова следно историско поглавје, а тоа е Гоце Делчев како историска личност и овој период од историјата. На 10 – 11 ноември се очекува да се одржи Берлинскиот процес каде што сме домаќини ние и Бугарија заедно, што ќе се одржи во Софија. Очекуваме овие денови да добиеме и повратна информација од Бугарија за да можеме да седнеме да поразговараме на подготовката за Берлинскиот процес, секако и за ова отворено прашање“, изјави вчера Заев вчера на заедничката прес-конференција со новиот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир.