Во Македонија минатата година 25.000 лица имале мозочен удар – најмладиот пациент имал 14 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


25.000 лица во Македонија минатата година имале мозочен удар. Бројот на пациенти со ваква состојба се зголемува, а се намалува возраста на оние кои имале мозочен удар.

На клиниката за неврологија, најмалиот пациент со мозочен удар има 14 години. Неврологот Анита Арсовска по повод денот за превенција од мозочни удари вели дека треба брза реакција, доколку човек примети изместување на едната страна на лицето, слабост во дланките, проблеми со говорот веднаш да се јават во брзата помош.

Најважни се првите три до четири часа од мозочниот удар, бидејќи веднаш дадената тромболична терапија го спасува човекот. Ковидот дополнително е ризик фактор за појава на мозочен удар.

Голем проблем за да се стигне до болниците каде се аплицира оваа терапија се останатите градови во Македонија. Немање на доволно возила за брза помош и персонал се причина за доцна реакција кај пациентот.

Според статистиката 60 проценти се мажи, а 40 проценти се жени кои имале мозочен удар. Освен полот, голема улога има генетскиот фактор, животниот стил и превентивните прегледи, објаснуваат невролозите.