Home Вебкафе Во комода купена на старо најде дијаманти и накит – дознајте што направи со богатството

Во комода купена на старо најде дијаманти и накит – дознајте што направи со богатството

Емил Кнодел (67) на една дворна распродажба во Белвил (Тексас) купил стара комода, го привлекол одличен спој на дрвото и мермерот, а кога сопственикот му кажал дека комодата е стара дури 125 години, Емил се воодушевил.

Продавачот му ја продал комодата на Емил за само 100 долари. За време на транспорт и превртување на комодата, Емил и неговиот пријател слушнале дека нешто тропа во една од фиоките. Тоа што ги збунило е што знаеле дека сите фиоки од комодата се празни. Сепак тропањето продолжило, а Емил и неговиот пријател на крајот пронашле тајна преграда која бил полна со дијаманти, накит, пари и спомени од Граѓанската војна.

Иако содржината на таа преграда можеше да направи милионер од него, Емил сторил нешто неверојатно. Нешто за што голем број луѓе не ни сонуваат дека е возможно. Го повикал човекот кој му ја продал комодата и му го вратил богатството.

Продавачот кажал дека таа комода му припаѓала на неговото семејство, поточно, на неговите баба и дедо, но и дека не знаел за тајната преграда.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали само изгледаш „добро“ за Инстаграм? Вистината за рутината за самогрижа која никој не ја објавува

Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќ…