Home Спорт Во Јунајтед не знаат дали Погба ќе се појави на првиот тренинг

Во Јунајтед не знаат дали Погба ќе се појави на првиот тренинг

Во Манчестер Јунајтед не знаат дали Пол Погба воопшто ќе се појави во тренинг кампот на првиот трениниг во претсезоната.

Французинот јасно ја кажа својата желба дека сака да ја промени средината, па во клубот не знаат дали тој ќе се појави во базата за да патува со остатокот од тимот на припреми во Австралија.

Погба доби подолг одмор поради натпреварите со репрезентацијата, но според договорот треба денес да се појави во Манчестер.

Реал Мадрид и Јувентус во моментов покажуваат најголем интерес за неговиот потпис, а Погба сака што е можно побрзо да се реши неговиот статус.

Неговиот менаџер Мино Раиола пред неколку дена изјави дека желбата на Погба е да си замине од „Олд Трафорд“ и дека тој работи на трансферот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…