Home Спорт Во Италија тврдат: Јувентус најде замена за Алегри!

Во Италија тврдат: Јувентус најде замена за Алегри!

Масимилиано Алегри во пет години освои пет Скудета со Јувентус, но оваа сезона не ја оствари главната цел, а тоа беше Лигата на шампиони.

И покрај фактот што Алегри во неколку наврати изјави дека сака да остане, сепак италијанските медиуми тврдат дека претседателот Ањели веќе одлучил да му врачи отказ по завршување на сезоната.

„Кориере дело Спорт“ тврди дека „старата дама“ веќе ја започнала потрагата по нов тренер, а изборот паднал на Маурисио Покетино.

Аргентинецот постигна феноменален успех и се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, но јасно даде до знаење дека на лето ќе го напушти Тотенхем.

Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација, па спортскиот директор Фабио Паратичи веќе остварил првични контакти со агентите на Покетино.

Аргентинецот иако има уште четири години од договорот со „спарси“ сака да ја промени средината и Јувентус е одлична опција за него. Сепак, проблем може да биде високите барања за плата.

Имено, весникот тврди дека Покетино побарал 10 милиони евра по сезона, што со платени даноци ќе го чини Јувентус 20 милиони евра годишно.

https://twitter.com/CorSport/status/1127154111873470465

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…