Home Актуелно Во голема полициска акција уапасен Владимир Тодоровиќ – бивш градоначалник на скопската општина Центар и газда на Тинекс

Во голема полициска акција уапасен Владимир Тодоровиќ – бивш градоначалник на скопската општина Центар и газда на Тинекс

На скопскиот аеродром синоќа бил приведен Владимир Тодоровиќ, бивш градоначалник на скопската општина Центар и сопственик на ланецот маркети Тинекс.

Во акцијата се приведени уште 10 лица поврзани со предметот на поранешното СЈО Око, пренесува Мкд.мк повикувајќи се на неофицијални извори.

На граничниот премин Табановце утрово бил приведен и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев.

Неофицијално овие приведувања се поврзани со проектот Скопје 2014, односно поради сомневања за перење пари при набавка на опрема за мостот Око.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…