Во еден ден во Русија над 1.000 нови случаи на заразени од коронавирус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во само 24 часа, во изминатото деноноќие, во Русија се регистрирани повеќе од 1.000 нови случаи на заразени од коронавирус.

Ова е најголем број на заразени во еден ден од почетокот на пандемијата. Владината работна група за коронавирус пријавила денес 1.154 нови случаи, со што вкупниот број во таа земја порасна на 7.497, со 58 смртни случаи и 494 оздравувања.

Пандемијата во Русија доживеа пораст во март, а бројот на случаи расте и се дуплира на неколку дена, пренесуваат агенциите. За да ја сузбие епидемијата, рускиот претседател Владимир Путин наредил овој месец сите да престанат да работат, а на работа да одат само оние кои работат во продавници за прехранбени продукти, аптеки и слично.

Поголем број од руските региони моментално се во изолација. На жителите им е наредено самостојно да се изолираат дома и да не излегуваат, освен ако се во прашање купување на намирници, лекови, шетање на кучиња или фрлање на отпадоци.