„Meet Now“ – нова функција на Skype


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Платформата за онлајн комуникација, Skype, ја додаде новата функција која се вика „Meet Now“. Истата овозможува остварување видео повик со било кој без потреба да отворате корисничка сметка на платформата.

Бидејќи видео конференцијата стана единствен сигурен начин за компаниите да функционираат во епидемијата на Ковид-19, новата опција им ја олеснува комуникацијата на луѓето.

„Meet Now“ опцијата Скајп ја воведе токму кога неговиот ривал „Zoom“ се соочува со многу проблеми, со приватноста и со неочекуваниот голем број на корисници.

Новата функција нуди слични опции како снимање на состаноци, делење на екранот и заматување на позадината. Оваа функција може да се користи на било кој уред, дури и ако немате инсталирано Skype апликација а линкот за состаноци не истекува, пишува сајтот „Digit“.