Home Актуелно Во две скопски училишта регистрирани два случаи на ученици позитивни на Ковид-19 – два класа се во изолација

Во две скопски училишта регистрирани два случаи на ученици позитивни на Ковид-19 – два класа се во изолација

По еден клас од основните училишта „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода се веќе во изолација поради потврдени случаи на ковид-19.

Веста ја објави телевизија Сител која тврди дека е потврдена од надлежните.

Ученичка од петто одделение од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ вчера добила позитивен тест на ковид-19. Поради тоа во двонеделна изолација ќе оди целиот клас од одделението. Веќе е направена епидемиолошка анкета со останатите ученици.Според одлуката која ја добило училиштето доколку некое од соучениците е прележано или вакцинирано ќе може да доаѓа на настава, вакцинирана е наставничката која им предавала така што таа ќе продолжи да оди на работа и ќе им предава на учениците онлајн.

Во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ две деца од 9 одделение од исто одделение вчера пројавиле симптоми на ковид -19. Директорот на училиштето ја потврдил веста.

Едното од децата веќе има добиено позитивен тест и неговите соученици ќе одат во изолација, а за второто дете сѐ уште се чекаат резултати од тестирањата.

Според информацијата има случаи на ученици со симптоми на ковид-19 во едно стручно средно училиште во Скопје, но информацијата е непотврдена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…