Во дишното стебло од велешанката која беше најдена мртва во станот со својот син пронајден коронавирус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската јавност беше дополнително потресена од трагичниот случај во Велес, кога на 6 април во стан во Велес биле пронајдени распаднати тела на мајка и син. Но, сега испаѓа дека овој морбиден и тажен случај може да даде нови податоци за присуството на коронавирусот во Македонија.

Обдукцијата покажа дека во дел од дишното стебло на мртвата 73-годишна жена бил пронајден коронавирус и дека нејзината смрт настапила некаде во јануари. Оваа информација вчера попладне ја потврди министерот за здравство, Венко Филипче.

„Со оглед на тоа дека оваа година имавме навистина зголемен број на случаи на заболени од грип во споредба со минатата година, па овој случај може да значи дека коронавирусот бил присутен во Македонија уште во јануари“, изјави Филипче.

Полицијата на 6 април пронашла две мртви тела на мајка и син во стан на улица „Ѓорѓи Војтех“ во Велес. Соседите алармирале бидејќи неколку месеци тие не ги виделе мајката и синот да излегуваат надвор. Тие велат дека мајката (89-годишна жена) била слепа, а нејзиниот 53-годишен син имал психички проблеми.