Home Актуелно Во Дебар немаше кој да скока по крстот

Во Дебар немаше кој да скока по крстот

Големиот христијански празник Богојавление-Водици одблежан беше и во Дебар, но за првпат немаше кој да скока по светиот крст. Тоа е поради фактот што во градот има се помалку млади луѓе, јавува 24 Вести.

Инаку, традиционално православните верници во Дебар беа во црквата „Света Петка“, каде беше одржана света литургија, со која чиноначалствуваше намесникот на Дебарската парохија, Миле Ангеловски.

Тој, потоа ја освети водата во базенот во дворот на црквата. Бидејќи немаше пријавени светиот крст не беше положен во осветените води, но верниците по традиција зедоа од осветената вода.

И намесникот и присутните верници си го честитаа празникот со желби и молби до Бога за здравје и бериќет.

По повод Водици заживеаа селата од поширокиот регион, каде дојдени се поранешни жители и нивните потомци. Посебно, по празнувањето се препознатливи повеќе села, пред се Битуше, Горенци, Гари и Долно Мелничани.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…