
Внучката на Лепа Брена е нејзината најголема желба
Лепа Брена беше гостинка на “Extra FM” радиото, каде што најави и шести концерт во Арена Загреб. Покрај концертите и опоравувањето по повредата, Брена не можеше, а да не ја спомне бременоста на Александра Пријовиќ, која донесе неизмерна радост во целото семејство.
Внучката на Лепа Брена е нејзина голема желба, а како што вели, има интуиција дека оваа година во нивните животи ќе влезе едно преслатко девојче.
„Боба и јас бевме на пат кога ни ја јавија веста“
– Боба и јас бевме на пат кога ни јавија. Морам да признаам дека очекував, затоа што тоа е логично и нормално. Нема ништо на овој свет што може толку да нè израдува како веста дека очекуваме уште еден нов член во нашето семејство – рече Брена, откривајќи дека интуицијата ѝ кажува дека Александра носи девојче.
– Секогаш велам дека кај нас најчесто се раѓаат момчиња, но имам чувство, интуицијата ми вели дека постои можност да добиеме едно преслатко девојче – изјави пејачката за Extra FM.
Брена среќна за внучињата
Лепа Брена се надева на внуче, без разлика на полот на наследникот што ќе го добијат, но не крие дека несебично ја дарува својата љубов на малиот Александар.
– Аки има свои барања, а ние едвај чекаме да му ги исполниме. Но, како и секој момче, неговите желби се поврзани со спорт, фудбал, тениски рекет – откри Брена за тоа како го поминува времето со внучето на својот сопруг, кое таа го сака како свое внуче.