Home Актуелно ВМРО-ДПМНЕ прифаќа лидерска средба само ако се прави муабет за предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа лидерска средба само ако се прави муабет за предвремени избори

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ порача дека е спремна да прифати и да оди на лидерска политичка средба само ако се разговара за предвремени парламентарни избори.

Овој став на опозицијата е поинакво од завчерашниот кога порача дека нема покана од Заев и дека идејата за лидерска средба е само за дефокусирање на јавноста. Премиерот Зоран Заев сè уште не расчистил дали ќе закаже лидерска.

И од ДУИ за Алсат велат дека немаат информација дека ќе се организира лидерска средба. Заев во петокот изјави дека е време со Мицковски и со лидерите на другите политички партии да седнат и да разговараат за можните измени на законот за избори, законот за попис на населението и законот за Јавно обвинителство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…