Home Актуелно ВМРО ДПМНЕ: Ќе има тензии ако СДСМ состави влада со ДУИ

ВМРО ДПМНЕ: Ќе има тензии ако СДСМ состави влада со ДУИ

Ако не се состави влада на победничките партии, тогаш има долга листа на чекори што би можеле да се преземат. Што од тоа би одбрале, во овој момент не би можело да биде соопштено.

Ова, како што информираа од ВМРО ДПМНЕ било истакнато доцна вчера попладне на средбата на Никола Груевски со британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан во седиштето на партијата.

На високиот гостин му било нагласено дека ако СДСМ, ДУИ и другите помали албански партии решат да формираат влада, во тој случај ќе има тензии.

Ние ќе направиме се што е во наша моќ да ги задржиме мирот и стабилноста, но не знаеме како ќе се одвиваат работите. Ќе има тензија, луѓето се вознемирени, соопштил Груевски.

Во текот на денот Данкан се сретна и со потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, а за денес се најавени средби и со лидерите на албанските партии.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…