Home Актуелно ВМРО-ДПМНЕ ќе го прати Договорот со Грција пред Венецијанската комисија

ВМРО-ДПМНЕ ќе го прати Договорот со Грција пред Венецијанската комисија

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара Венецијанската комисја да се изјасни за правната издржаност на Договорот со Грција, најави денеска пратеникот Драган Данев, според кого, „злоупотребени се процедурите и прекршени се законите“.

„Ова е трет случај на грубо непочитување на процедурите. Првин изборот на Џафери за т.н. претседател на Собранието, потоа законот за двојазичност, па сега договорот со Грција. Зошто договорот со Бугарија се разгледуваше во Комисијата за надворешни работи, а овој во Комисијата за европски прашња? Затоа што власта сака да го протурка на мала врата“, рече Данев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…