ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа ЗА уставните реформи ако успее референдумот за името


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако референдумот во врска со договорот со Грција за решавање на деценискиот спор за името на Македонија биде успешен и обврзувачки, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи уставните измени.

Ова беше меѓу редови најавено од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во четвртокот вечерта, отстранувајќи ги сомневањата дека опозицијата нема да придонесе за постигнување на потребното двотретинско мнозинство за промена на Уставот.

Но, иако премиерот Зоран Заев ја остави отворена можноста референдумот да биде формално консултативен – а неговите резултати во секој случај да бидат обврзувачки, Мицкоски инсистира изјаснувањето да биде задолжително. Во таков случај, како што изјави, сите ќе мора да го почитуваат исходот од гласањето.

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ околу прашањето на референдумот е јасен и познат. Референдум што нема да биде задолжителен, ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае. Доколку референдумот биде обврзувачки и биде успешен, сите ние ќе треба да го почитуваме тоа, не само нашата партија. Но тој прво треба да биде демократски, без манипулации, да се исполнат многу предуслови пред да биде одржан“, истакна Мицкоски во интервју за „Алсат М“.

Прво СДСМ, а потоа и самиот Заев застанаа вчера на иста линија со Мицкоски, по однос на неговото барање референдумот да биде задолжителен. Заев изјави дека референдумот за промената на името е исклучително важно прашање и дека за тој процес мора и власта и опозицијата да бидат усогласени.

„Се согласувам со опозицијата дека референдумот треба да биде задолжителен, а заедно треба да утврдиме дали ќе биде консултативен или обврзувачки. Зборувам за задолжителен референдум ако сите 50 отсто плус еден граѓанин излезат и го поддржат референдумот“, изјави Заев.

Извор: Независен