ВМРО ДПМНЕ го претстави својот „Манифест за единствена Република Македонија“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Документот кој го најави Никола Груевски, наречен Манифест за единствена Република Македонија беше промовиран од ВМРО-ДПМНЕ, за кој, како што рече Антонио Милошоски е документ со смерници, насоки и принципи кои би требало земјата по пет, 10 или 15 години да ја водат по еден просперитетен пат како унитарна држава, напредна, економски развиена и сплотена како кохезивно мултиетничко општество.

На тоа, рече упатува историски момент пред кој се наоѓа Македонија, но и вековната обврска кон сите кои со живот, лична жртва и идеал се вложиле за слобода, независност и сувереност на Република Македонија.

Како водилка, според Милошски се користени идеалите содржани во Правилата на македонскиот востанички комитет на Македонското востание од 1878 година, Крушевскиот манифест од 1903 година, Мајскиот манифест од 1924 година и Манифестот на АСНОМ од 1924 година, како и Декларацијата за сувереност од 1991 година.

Поучени од искуствата за штетноста од внатрешни поделби и притисоци од надворешни закани кои ја загрозувале нашата татковина, свесни сме за обврската да обезбедиме просперитетна држава за сегашните и идните генерации, предлагаме нацинално обединување на сите граѓани, интелектуалци, граѓански здруженија, верски организации и политички партии околу Манифестот за единствена Македонија за да не води кон една визија за Македонија која треба да биде земја која е единствена матична држава на Македонците во која обединети живеат сите граѓани заедно со деловите од албанскиот, турскиот, влашкиот народ, српскиот, ромскиот, бошњачкиот и другите граѓани и им припаѓа подеднакво без разлика на потекло, вероисповед и мајчин јазик, рече Милошоски.

Националното обединување, зачувување на суверенитетот на државата, црвените линии во однос на името, нераскинливоста на македонската дијаспора, македонскиот јазик како обединувачки за сите граѓани со почитување и на останатите јазици кои ги говорат граѓаните, функционирањето на правната држава, одржување попис по европски стандарди, членството во ЕУ и НАТО, како и развој на стабилна економски просперитетна Македонија се дел од темите кои ги акцентира овој Манифест на ВМРО-ДПМНЕ.

Со Манифестот кој е понуден да го прифати и СДСМ, се предвидува и редовен дијалог меѓу опозицијата и власта во Македонија и изнаоѓање решенија во рамки на институциите, како заштита од надворешни влијанија кои неретко како што беше кажано, се на штета на државата.