Home Актуелно ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА отсуствуваа од дебатата за изборни измени за една изборна единица

ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА отсуствуваа од дебатата за изборни измени за една изборна единица

Останувајќи на својот најавен став, пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ отсуствуваа од денешната јавна дебата за измените на изборниот законик во делот на една изборна единица и отворени листи. На истата расправа отсуствуваа и пратениците на ДУИ.

Ниту опозициската БЕСА немаше свои претставници на дебатата. Претседателот на Комисијата за политички систем Александар Кирацовски рече дека сите пратенички групи и партии биле уредно поканети.

На дебатата, потребите од една избоарна единица и отворени листи ги образложи пратеничката Лилјана Поповска, од „Иницјативата за една изборна единица“, која рече дека не гледа логични аргументи, зошто некој би бил против отворени листи преку кои граѓаните ќе можат сами да дадат приоритет на добар кандидат, или пак за една изборна единица кога тоа е најдемократски изборен модел.

„Нема аргумент зошто некој би бил против тоа да има 50 проценти жени на листите, кога сега не му е проблем да има 40 проценти, освен ако нема намера да ги укине и тие квоти од 40 проценти. Нема причина зошто некој би бил против една изборна единица кога се знае дека тоа е најправеден и најдемократски модел за избори. Како ќе објаснат кога веќе се толку силни, зошто тие три партии, односно две партии, затоа што едната си стои принципилено на ставовите, сега мислат дека ќе и се смени моќта со еден, двајца или тројца пратеници помалку колку што покажаа последните симулации“ – рече Поповска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…