Home Актуелно Владата во моментов не размислува за седми пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните

Владата во моментов не размислува за седми пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните

Владата во моментов не размислува за седми пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните за справување со последиците од корона кризата, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Разговори ќе имаме. Секојдневно разговарам со стопанските комори и ако навистина тоа е нужно ќе направиме одредена мерка зашто не знаеме колку ова привремено лимитирање на движење на граѓаните ќе влијае. За жал сме и во предизборен период и секоја мерка може да се протолкува различно и затоа нема да кажам дали ќе има или нема да има мерка. Само потврдувам дека се разговара и ако е вистински потребно заедно ќе ја донесеме, рече Битиќи во одговор на прашање при денешното означување на почетокот на тендерската постапка за изградба на клучка на крстосницата меѓу булеварот „Словенија“ и „Качанички пат“.

Тој посочи дека здравјето на граѓаните е пред сè.

-Ако треба да се прави компромис помеѓу економска мерка за угостители и здравјето на граѓаните, здравјето на граѓаните е пред се, потенцира Битиќи.

Порача дека и претходно докажале дека секој загубен денар во секој сектор ќе се врати кога тоа ќе биде потребно.

-Затоа ќе седнеме и ќе разговараме. Сметам дека во овој момент сите треба да сме подготвени нешто да оставиме наспроти борбата што не чека против енормното зголемување на бројот на заразени од коронавирусот и секојдневната борба за живот која е многу поважна од се друго, рече Битиќи.

Порача дека и досега угостителскиот и туристичкиот сектор е помаган. Во изминатите пакети, како што кажа, овој сектор е потпомогнат со повеќе од 14 отсто од вкупната помош која е дадена во стопанството, наспроти нивниот придонес во БДП кој е многу помал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…