Home Актуелно Владата вчера се задолжи 27 милиони евра кај домашните кредитори

Владата вчера се задолжи 27 милиони евра кај домашните кредитори

Државата вчера се задолжи 27 милиони евра, речиси 3 милиони евра повеќе од планираното. Министерството за финансии на вчерашната аукција на државни хартии од вредност издаде шестмесечни државни и 12 месечни записи и обврзница со рок на доспевање од 15 години.

По основ на досепани долгови, утре на кредиторите треба да им врати 7,8 милиони евра. Од Министерството соопштија дека задолжувањето на домашниот пазар се прави за да се обезбедат средства за покривање на дефицитот по најниска каматна стапка.

Претходно, министерот за финансии, Драган Тевдовски изјави дека ќе го скрати бројот на задолжувања на два пати месечно, но дека владата ќе се насочи повеќе кон домашни задолжувања. За еврообврзницата сеуште се прават анализи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…