Владата со закон ќе го забрани „копањето“ криптовалути


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската Влада размислува да донесе закон со кој ќе се забрани „копањето“ криптовалури, изјави премиерот Димитар Ковачевски и упати апел да не се копаат криптовалути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна.

„За тоа ќе треба законско решение да се донесе. Сѐ додека не се донесе, мора да се оди со апел, а доколку се работи за правни лица, знаете дека воведовме тарифирање во блокови. Во овој период не треба да се прави поради недостигот на електрична енергија. Јас сум во комуникација со сите соседни држави, меѓутоа секој има свои специфики. Косово е во најтешка ситуација. Таму веќе има рестрикции и сите во нашите можности помагаме колку што можеме, бидејќи соседите се тие кои што први треба да си помагаат“, рече Ковачевски.

Во Косово забрането е „копањето“ на криптовалути за да ја намали потрошувачката на електрична енергија.