Home Актуелно Владата се откажува од изградба на амбуланти во руралните подрачја

Владата се откажува од изградба на амбуланти во руралните подрачја

Владата целосно се откажува од изградба и реконструкција на амбуланти во руралните подрачја во државата, открива предлог-ребалансот на буџетот што го усвои Владата на последната седница, јавува Мета.

Во документот може да се види дека во потпрограмата „Амбуланти во рурални подрачја“ кај Министерството за здравство од првично планираните 3.000.000 денари со ребалансот не е одвоен ниту денар, а пари за оваа намена не се предвидени ниту во наредните години.


„Целта на оваа потпрограма е подобрување на условите за пружање на здравствена заштита на населението во руралните подрачја, подобрување на здравјето на населението и намалувањето на трошоците за пристап до здравствените услуги. Реконструкцијата на руралните амбуланти ќе придонесе за намалување на морбидитетот на населението, подобрување на квалитетот на живеењето и запирање на процесот на миграција село-град“, пишува во објаснувањето на оваа потпрограма во предлог-ребалансот на буџетот.

Извор: Мета

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…