Home Актуелно Владата се одлучи Попова Шапка да ја менаџира преку јавно-приватно партнерство

Владата се одлучи Попова Шапка да ја менаџира преку јавно-приватно партнерство

Македонскиот министер за економија, Крешник Бектеши, изјави дека во иднина со ски-центарот и со хотелите на Попова Шапка ќе се менаџира преку јавно-приватно партнерство.

– Физибилити студијата покажа дека најверојатно ќе одиме со јавно-приватно партнерство. Сепак, до тогаш нема да запрат инвестициите што како помош за ЕЛЕМ Турс ги обезбедува Владата, рече Бектеши.

Министерот денеска присуствуваше на Попова Шапка на пуштањето во употреба на шестоседната жичница на Попова Шапка.

Ски-терените, преостанатата инфраструктура и хотелите во моментов се во сопственост на јавното-претпријатие ЕЛЕМ Турс.

Бектеши додаде дека е подобрен и патниот пристап до центарот, а директорот на ЕЛЕМ Турс, Адем Хавзиу рече дека се зборувало со градоначалничката на Тетово и со началникот на тетовската полиција за пoдобрување на условите за паркирање.

Хавзиу порача дека се планира и обновување на тоалетите, кои често се мета на пироманите.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…