Home Актуелно Владата му понуди на СОНК 10% покачување на платите во образование и култура – на потег синдикатот

Владата му понуди на СОНК 10% покачување на платите во образование и култура – на потег синдикатот

Синдикатот за образование, наука и култура доби понуда од Владата за покачување на платите во овој сектор од 10%, наспроти барањето за покачување од 25% кое го бараат од синдикатот.

Ова го изјави министерот за образование Арбер Адеми, по средбата со претставниците на СОНК, која уследи по истекувањето на рокот што беше даден од страна на Синдикатот до министерството за разгледување на нивното барање за зголемување на плата од 25%. Министерот за образование, Арбер Адеми, рече дека со најавените 10%, зголемувањето на платите во образованието ќе достигне 20% во следните две години.

„Конечниот предлог е, заклучно со април, да се зголемат платите за дополнителни 10 проценти во образовната дејност, започнувајќи од основно, средно и високо образование и наука. Останува утре на седница на Владата, оваа информација предложена од Премиерот, да биде усвоена, а останува СОНК да ја разгледа во Советот, а во исто време да го објави и исходот од денешната средба и преговорите“-изјави Арбер Адеми, министер за образование.

Раководството на СОНК денес се очекува да се соберат за да расправаат за последната понуда на МОН. Преговорите меѓу СОНК и Министерството за образование продолжија по најавениот штрајк на наставниците кои побараа зголемување на платите за 25 отсто.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…