Home Актуелно Владата го разреши Макрадули од директорската позиција во Македонски пошти

Владата го разреши Макрадули од директорската позиција во Македонски пошти

На денешната владина седница Владата одлучи да му препорача на Надзорниот одбор на „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од функциите претседател на Управниот одбор и генерален директор на ова акционерско друштво.

За нов директор, пак, Владата предлага Надзорниот одбор да го избере Васко Стефанов, кој досега беше заменик-директор на Агенцијата за вработување, од којашто функција денеска е разрешен.

Токму во „Пошта“ минатата недела вработените почнаа штрајк за зголемување на платите, а истиот ден на средба со Управниот одбор на која присуствуваше и Макрадули тие како понуда добија компромисно решение – наместо покачувањето на платите да биде веднаш, тоа да биде етапно, прво за вработените во технолошкиот процес, а потоа и за администрацијата.

„Нивниот предлог е линеарно зголемување на платите, првенствено на технолошкиот процес од 1.6.2022, и со оглед на финансиските можности за останатите вработени во администрација да биде од 1.8.2022. Денеска, штом со синдикалните одбори ја добиеме понудата, ќе седнеме да разговараме за прифаќање, ќе подготвиме спогодба и доколку се прифати понудата од Управниот одбор и потпишување на спогодбата, штрајкот ќе биде прекинат. Дотогаш штрајкот ќе биде во тек. Се исполнува нашето барање со компромис согласно финансиските можности, нашето барање е покачувањето да биде веднаш, но и ние како синдикати треба да имаме разбирање. Денеска ќе имаме одбор на синдикалните организации, не можеме сами да одлучиле, ќе се направат консултации и ќе бидете навремено информирани“, изјави претседателот на синдикалната организација на „Пошта“, Боро Велигденов, по тогашната средба со Макрадули и Управниот одбор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…