Владата ги усвои новите мерки: Угостителските објекти ќе работат до 21 часот, после тоа време забрането групирање повеќе од 4 лица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со новите превентивни анти-ковид мерки кои денес ги усвои Владата, работното време на угостителските објекти се скратува до 21 часот, а после 21 часот има забрана за групирање на повеќе од 4 лица.

Со новите мерки, угостителските објекти ќе работат до 21.00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.

На седницата донесена е и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.

Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.