Home Актуелно Владата демантира дека ќе ја легализира марихуаната за уживателски потреби

Владата демантира дека ќе ја легализира марихуаната за уживателски потреби

Веста дека Северна Македонија ќе ја легализира марихуаната за уживателски потреби, која беше пренесена од ТВ 21, Владата ја прокоментира и окарактеризира како чиста шпекулација.

„Станува збор за дезинформација. Не постојат тековни владини анализи за легализирање на марихуаната за рекреативни цели. Владата останува на почитување на постоечката регулатива со која во земјата е дозволено производство на канабис исклучиво во медицински цели, се вели во реакцијата.на Владата по веста дека заради обезбедување на поголем девизен прелив од туристи е подготвена да го легализира нејзиното користење кај уживеталите“, објави ТВ21.

Според изворите на кои се повикува телевизијата, веќе се направени економските анализи за исплатливост и односот на тоа колку ќе се добие а колку ќе се изгуби од ваквиот потег, бидејќи се очекуваат негативни реакции од конзервативната јавност.

За почеток тоа ќе се случи во туристичките места Охрид и Струга, што значи дека ограничувањето ќе се сведе на одредени локации.

Во Македонија,канабисот само се одгледува и тоа за медицински цели.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…