Home Актуелно Вицепремиерот Димитров: И јануари е опција за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ

Вицепремиерот Димитров: И јануари е опција за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ

Во изјава за ТВ24 вицепремиерто Никола Димитров порача дека фокусот е декември, но и јануари е опција за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Како што се зголемува дипломатската офанзива и притисокот врз Скопје и Софија да најдат заедничко решение, така повторно се зголемуваат и надежите за отворање на европската врата за земјата.

Димитров вели дека времето за договор со Софија е кратко и затоа не се исклучува и јануари како опција за датум за преговори.

– Словенија е земја која што има стратешки интерес, да го мрдне регионот кон Европската Унија. Потоа презема Франција, во текот на француското претседателство има и претседателски избори, на пролет во Париз, меѓутоа ако преференцата е декември, од неколку главни градови во Европа слушам дека и јануари сепак останува како можност да се успее, што ни дава можеби малку повеќе време, иако мислам дека треба да ни биде фокусот на декември. – изјави Никола Димитров Вицепремиер за европски прашања.

И лидерот на опозицијата ја повика ЕУ да го исполни ветеното. Мицкоски денеска порача дека во преговорите со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати ништо надвор од Резолуцијата усвоена во Законодавниот Дом и во исто време побара ЕУ да се одваажи и да даде датум за Македонија , без да бара нови отстапки од македонскиот народ.

– Процесот на преговори е долг, во рамките на тој процес можеме да ги преговараме и нивелираме сите разлики кои што ги имаме ние со нашиот источен сосед. Но веднаш треба Европа да се одважи и да му даде признание на овој народ и да почнеме преговори со Европската унија. – изјави Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ.

Шефот на дипломатијата Османи вчера ја заврши дводневната посета на Брисел, а пораки испрати и Европската Комисија дека заедно со словенечкото претседателство интензивно работат преговорите да започнат до крајот на годината.

Утре во Македонија пристигнува и министерот за европски и меѓународни работи на Австрија – фокусот ќе биде Европскиот Самит во декември, а средби ќе има со целиот државен врв.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…