Home Актуелно Викиликс им порача на хакерите: Нека протечат даночните информации за Трамп

Викиликс им порача на хакерите: Нека протечат даночните информации за Трамп

Викиликс побара објавување на даночните информации на американскиот претседател Доналд Трамп откако советничката на Трамп Келиен Конвеј кажа дека тој нема да ги објави спорните документи.

Сајтот Викиликс, кој за време на кампањата пред изборите во САД беше мета на критики дека објавува само материјали штетни за демократската кандидатка Хилари Клинтон, го објави барањето на Твитер.

Во втор твит, Викиликс го спореди прекршувањето на ветувањето на тазе инаугурираниот американски претседател дека ќе ги објави своите даночни информации со Клинтон и нејзиното криење на транскриптите од говорите за Голдман Сакс.

Трамп беше под големи критики за време на кампањата откако Њујорк тајмс објави дека ја искористил загубата од речиси една милијарда долари за да избегнува плаќање федерален данок. Тој неколку пати одби да ги објави даночните податоци тврдејќи дека е под даночна ревизија, но вети дека ќе го направи тоа откако ќе заврши процесот.

Конвеј, меѓутоа, вчера во интервју за ABC кажа дека тој нема намера да го исполни ветувањето, тврдејќи дека народот едноставно не е заинтересиран.

Одговорот на Белата куќа е дека тој нема да ги објави своите даночни информации, изјави таа.

Американските претседатели немаат обврска да ги објават своите даночни информации, но уште од Ричард Никсон сите шефови на Белата куќа го правеа тоа доброволно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…