Home Актуелно Видео: Владиката Петар ја отпеа „Послушајте патриоти“

Видео: Владиката Петар ја отпеа „Послушајте патриоти“

По повод 115 годишнината, цвеќиња на гробот на војводата Методија Патчев, пелагониски-преспанскиот владика Петар заедно со патриотските здруженија и градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристевски ја пееа македонската патриотска песна „Послушајте патриоти“.

Панахидата беше организирана на вечното почивалиште на војводата во прилепско Кадино Село, а градоначалникот на општината им се заблагодари на присутните за присуството. Од патриотските здруженија велат дека ќе стојат на браникот на државата.

„За прв пат сме овде и ветуваме дека сето ова ќе стане традиција во наредниве години, како здружение стоиме на браникот за одбрана на Татковината како вистински македонски синови“, посочи Горан Лазарески член на Патриотските здруженија.

На панахидата за Патчев, учестуваа и ученици од ОУ „Страшо Пинџур“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…