Home Спорт Видео: Спектакл во Мајами, првото Ел Класико и припадна на Барса!

Видео: Спектакл во Мајами, првото Ел Класико и припадна на Барса!

Барселона и Реал прв пат по 1982 година одиграа дуел надвор од Шпанија. „Ел Класико“ дербито на „Хард Рок “ стадиното во Мајами заврши со победа на Барселона 3:2.

Барселона фурозно влезе во натпреварот и по седум минути игра поведе со 2:0. Меси во третата и Ракитиќ во седмата минута постигнаа голови.

Реал успеа да се врати во мечот до 36 минута. Најпрвин Ковачиќ постигна гол во 14 минута, а во 36-та израмни Асенсио.

Барса одново се врати во предност на стартот на вториот дел, Пике остана сам по една нафрлена топка и дефанзивецот знаеше тоа да го искористи за 3-2.

До крајот на средбата двете екипи имаа уште неколку изгледни шанси за гол, но резултатот остана непроменет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…