Home Вебкафе Видео снимка од моментот кога автономното Uber такси возилото прегази жена

Видео снимка од моментот кога автономното Uber такси возилото прегази жена

Прв пат откако се пуштени во собраќај автономните возила во такси превозот на компанијата Uber, се случи сообраќајна несереќа во која втономното возило удри пешак и ја однесе првата жртва.

Делот од компанијата Uber кој работи со автономни возила се надеваше дека со овие тест-возила ќе докаже дека ваквите возила, кои се управуваат самите себеси со помош на компјутер, се перфектно безбедни за учество во сообраќај.

Несреќата се случила во Аризона, САД, во текот на вчерашната ноќ, кога возилото било во автономен мод и удрило жена која одела на улицата, покрај тротоарот.

„Возилото патувало кон север кога удрило жена која наместо на тротоарот одела по работ на улицата“, стоеше во полицискиот извештај на одделот од Темпе, Аризона.

Жената починала откако пристигнала во болница, а нејзиното име не беше споделено со медиумите.

Претставник на Uber изјави дека компанијата ќе ги прекине сите тестови на нивните автономни возила на територијата на Северна Америка, каде досега вакви возила можеа да се забележат во Феникс, Темпе, Питсбург, Сан Франциско и Торонто.

Преку твит, Uber изразија сочувство до семејството на починатата жена и рекоа дека ќе се вклучат во истрагата заедно со полицијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…