Home Спорт Видео: Руските хокеари го добија спектакуларното финале и ја запеаа забранетата химна

Видео: Руските хокеари го добија спектакуларното финале и ја запеаа забранетата химна

Русија ја победи Германија со 4:3 со гол постигнат во продолжението од финалето на хокеарскиот турни одиграно утринава на последниот ден од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Херојот во триумфот на Русите беше Кирил Капризов, кој ја потресе германската мрежа во десеттата минута продолжување во „Пауер“ и го врати својот тим на тронот по 26 години.

За Русите ова е деветто олимписко злато и второ под олимпиското знаме. Од друга страна, Германците се поразени во нивниот прв олимписки финален меч и ова е за нив најголем успех, а беа многу блиску и до златото кое им „избега“ во последната минута од основните 60.

Поради допинг скандалот Русија на олимписките игри во Пјонгчанг се натпреварува под името Олимписки атлети од Русија, а има забрана да се интонира и нивната химна кога ќе освојат златен медал.

Меѓутоа, руските хокеари, заедно со навивачите, си ја пееја својата химна додека во позадина одеше олимписката химна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…