Home Спорт Видео: Пулишиќ дебитираше за Челзи, прв пораз за Лампард

Видео: Пулишиќ дебитираше за Челзи, прв пораз за Лампард

Френк Лампард го доживеа првиот пораз на кормилото на Челзи во пријателскиот натпревар против Кавасаки Фронтајл од Јапонија.

„Сините“ се на подготовки во Јапонија каде денес одиграа пријателски меч на кој загубија со 1:0.

За тимот од Лондон денес дебитираше новото засилување Кристиан Пулишиќ, а Челзи иако беше подобар тим на теренот, не успеа да реализира неколку добри шанси преку Педро и Батчуаи.

Јапонскиот клуб ги казни промашувањата на „сините“ во 88-та минута, кога Дамиао го постигна победоносниот гол.

https://youtu.be/BEsIgT1Yz3s

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…