Home Актуелно Видео: Новогодишно обраќање на Претседателот Иванов

Видео: Новогодишно обраќање на Претседателот Иванов

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов традиционално упати новогодишна честитка до сите граѓани. Обраќањето ви го пренесуваме во целост:

Почитувани сограѓани,
Доаѓањето на новата година кај секој од нас буди нови надежи, нови очекувања и копнежи за поубава, посреќна и безгрижна иднина.

Годината што измина сите сакаме што побрзо да ја заборавиме, а годината што доаѓа да биде година на остварување на сите наши желби и соништа.

Во овие моменти кога ја чувствуваме моќта на надежта и на радоста, се навраќаме на основните човечки вредности. Ја чувствуваме потребата да бидеме солидарни, хумани, чесни и праведни. Да се сакаме, да си простуваме и да се почитуваме.

Позитивните мисли што носат ведрина во овие празнични денови, треба да не водат во текот на целата година.

Но, да бидеме и доблесни да ги признаеме сопствените грешки и пропусти и да учиме од нив. Да бидеме храбри пред повикот на одговорноста и сите заедно да се посветиме и да градиме праведно општество засновано врз вистината, слободата и мирот. Само во успешна и просперитетна татковина ќе можеме да ги оствариме нашите желби.

Почитувани граѓани на Република Македонија,

Овие празнични мигови ви посакувам да ги поминете достоинствено и спокојно, со луѓето кои најмногу ве сакаат, почитуваат и чуваат.

Ви посакувам многу здравје, радост и среќа, и на секој предизвик да одговорите со мудрост и со добрина.

Ви посакувам да имате меѓусебно разбирање, доверба и многу љубов во семејството, со пријателите, соседите, колегите и со сите ваши сограѓани.

Од сè срце ви посакувам Среќна Нова 2019-та Година!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…