Home Спорт Видео: Младинците мелат се пред себе – падна и Бугарија!

Видео: Младинците мелат се пред себе – падна и Бугарија!

Репрезентацијата до 21 година која ќе патува на Европското првенство (ЕП) во Полска извојува нова победа, откако во Скопје во пријателски меч со минимални 1-0 ја совлада Бугарија.

Надежите на Милевски покажаа допадлива игра и цел меч го диктираа темпото на игра, па заслужено дојдоа до победата. Единствениот гол во мрежата на Бугарите го постигна Марјан Радески, кој погоди во 43-та минута, по асистенција на Ѓорѓев.

Победата е сосема заслужена иако можеше да биде изразена со уште некој гол имајќи предвид дека во 85-та минута Петар Петковски не искористи удар од белата точка.

Милевски со победата над Бугарија ја продолжи победничката низа во репрезентацијата и воедно остана без пораз во Скопје како селектор на У21-репрезентацијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…