Home Спорт Видео: Меси славеше јубилеј, Алкасер му ја украде вечерта!

Видео: Меси славеше јубилеј, Алкасер му ја украде вечерта!

Eкипата на Барселона вечерва со резултат од 2:1 го совлада одличниот тим на Севиља.

Во овој натпревар првата ѕвезда на тимот Лионел Меси стигна до фантастичен јубилеј од 600 официјални натпревари за гигантот од Каталонија и сега само ветераните Чави Хернандез и Андрес Иниеста се пред Аргентинецот во овој сегмент.

Сепак, на јубилејот на Меси друг фудбалер му ја украде вечерта. Пако Алкасер беше херојот на Барселона во овој натпревар. Алкасер прво во 23 минута во грешката во дефанзивата на гостите успеа да погоди за 1:0. До крајот на полувремето тоа беше единствениот погодок, пишува Спортски.мк.

Севиља успеа да стигне до изедначување во вториот дел преку Пизаро, но за трите бода да останат во Каталонија се погрижи повторно Алкасер кој во 65 минута ги постави конечните 2:1, а само една минута подоцна беше заменет.



<

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…