Home Актуелно ВИДЕО: Како се живее во Венецуела со инфлација од 700%

ВИДЕО: Како се живее во Венецуела со инфлација од 700%

Социјализмот во Венецуела си го зема својот данок, па земјата преживува тешка криза со најголема стапка на инфлација во светот од 700%.

Новинарите на Ал Џезеира го посетија Каракас и проверија како се живее со огромна инфлација. Граѓаните дневно можат од банка да подигнат само 20.000 боливари, што е всушност и најголема банкнота во земјата. За тие пари може да се купи килограм сирење.

Единствено пензионерите може да подигнат 30.000 боливари во кеш. Но, за да ја подигнат месечната пензија мора да појдат најмалку четири пати в банка и да чекаат со часови во ред.

До декември најголемата банкнота беше од 100 боливари. Денес мастиките за џвакање чинат 300.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…