Home Спорт Видео: Има вештачка рака, а дебитираше во професионалниот фудбал

Видео: Има вештачка рака, а дебитираше во професионалниот фудбал

Фудбалската приказна која ни доаѓа од Романија покажува дека ништо не е невозможно доколку силно посакуваме нешто да оствариме. Козмин Ламбру, фудбалер што има вештачка рака, го исполни својот сон и дебитираше за првиот тим на Петролул.

Кога имал осум години, Ламбру доживеал тешка сообраќајна несреќа. Го удрил камион поради што морало да му биде ампутирана левата рака и му била вградена протеза, која е видливо потенка од неговата десна рака.

Храбриот Козмин не дозволил хендикепот да му го уништи животниот сон. Десет години подоцна тој дебитира за прволигашот Петролул на куп натпреварот против Миовени.

Ламбру во игра влезе во 100-та минута од натпреварот, кој по продолженијата заврши со резултат 1:1.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…