Home Спорт Видео: Ибака им пресуди на „своите“, Лејкерси декласирани од Минесота!

Видео: Ибака им пресуди на „своите“, Лејкерси декласирани од Минесота!

Ефикасна ноќ во НБА лигата која ја одбележаа новиот трипл-дабл на Вестбрук и Серж Ибака кој прв пат настапи против Оклахома во дресот на Орландо и ги шокира поранешните соиграчи.

Изненадувањето на вечерта е Орландо, на гостувањето кај Оклахома славеше со 119:117 благодарение на Ибака кој го постигна победничките поени. Тој на крајот имаше 31 поен и го засени Расел Вестбрук кој оствари трипл-дабл од 41 поен, 16 асистенции и 12 скока.

Голден Стејт во доста неизвесен натпревар успеа да слави над Феникс Санс со 133-120. Иако тимот од Аризона одигра одличен натпревар, сепак триото Томпсон-Кари-Дурант го реши победникот. Томпсон и Кари мечот го завршија со 30 поени, додека Кевин Дурант запиша еден помалку.

Актуелниот шампион Кливленд славеше против Шарлот 100:93. Леброн Џејмс со 19 поени и по осум скока и асистенции беше предводникот на Кливленд. Ист број на кошеви уфрли Лав, а поен поевеќе Фрај.

Минесота убедливо славеше против ЛА Лејкерс 125:99. Ендрју Вигинс постигна рекордни во кариерата 42 поени, а личен НБА рекорд постави и Србинот Немања Бјелица кој уфрли 24 поени.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…