Видео: Фиорентина и Интер одиграа луд натпревар со девет гола!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фиорентина и Интер го одиграа мечот на сезоната во италијанската Серија А, кој на крајот заврши со победа на „виолетовите“ со 5:4.

Дербито во Фиренца го оддалечи Интер од местата кои водат во европските купови, а Фиорентина без најдобриот стрелец, Никола Калиниќ, успеа да постигне пет гола, четири во второто полувреме. Блескаа Вечино и Бабакар кај Фиорентина и Икарди кај Интер кој постигна хет-трик.

Вечино го постигна првиот гол на натпреварот во 23-та минута, но до крајот на првиот дел Интер направи целосен пресврт со головите на Перишиќ и Икарди.

Фиорентина победникот го реши во периодот од 63-та до 70-та минута кога Хандановиќ го совладаа Астори, Вечино и Бабакар.

На десет минути до крајот на натпреварот Бабакар со својот втор гол погоди за 5:2, а во самиот финиш Икарди со два гола го направи поднослив поразот на Интер.

Икарди со трите гола стигна до бројката од 24 во Серија А и сега има гол помалку од Џеко и Белоти кои се на чело на листата на најдобри стрелци.