Home Спорт Видео: Чудесниот Браво го однесе Чиле во финале

Видео: Чудесниот Браво го однесе Чиле во финале

Шампионот на Јужна Америка, фудбалската репрезентација на Чиле е првиот финалист на Купот на конфедерации откако во полуфиналето беше поуспешна од европскиот првак Португалија со 3:0, по подоброто изведување на пенали, бидејќи по 120 минути игра натпреварот заврши без голови.

Иако двата тима за време на мечот имаа по неколку зрели шанси, мрежите не се тресеа благодарение на расположените голмани.

При изведувањето на пеналите, јунак се претвори голманот на Чиле Клаудио Браво, кој ги одбрани сите три удара на португалските фудбалери, Кварезма, Мутињо и на Нани.

Од друга страна, Видал, Арангуиз и Санчез го совлада Руи Патрисио.


Penalties HD – Portugal 0-3 Chile… by Kaida-1

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…