Видео: Бронзата за Белгија, само четврто место за Англија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Белгија го оствари најголемиот успех во својата фудбалска историја и го освои третото место на Мундијалот во Русија.

„Црвените ѓаволи“ заслужено стигнаа до бронзата откако со 2:0 ја победија англиската репрезентација во „малото финале“.

Повратникот во тимот Томас Муние уште во 4-та минута го отвори резултатот после една убава акција. Белгија беше подобра во целото прво полувреме и создаде неколку изгледни шанси.

Англија подобро го отвори второто полувреме, а најзрелата шанса ја имаше Ерик Даер во 70-та минута кога го совлада Куртоа, но топката од гол линијата ја извади Алјдервајлед.

Казната стигна во 82-та минута, Де Брујне одлично го проигра Азар кој од пет метри го матираше Пикфорд за најголемиот успех во историјата на Белгија.