Вежбањето во текот на бременоста е корисно, но не смеете да претерувате?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вежбање за време на бременоста не е добро само за вас, туку помага и на вашето бебе да остане здраво. Поради тоа пожелно е редовно да вежбате доколку се е во ред со вашето здравје, а ние ви носиме некои совети за да не се преморувате.

Редовното вежбање ќе ви помогне да ја намалите болката во грбот, нема да се здебелите во текот на бременоста и ќе го намалите ризикот од гестацијски дијаебетес и преекламсија.

„Секако, треба малку побавно да вежбате и да го слушате своето тело“, советува Диана Рамос, асистентка на Медицинскиот факултет во Кецка.

Еве како правилно да вежбате за време на бременоста:

Подигнувајте помали тегови

Истражувањето во магазинот „Телесна активност и здравје“ покажува дека жените кои правеле вежби три дена во неделата имале помал притисок и не добиле труднички дијабетес.

Експертите советуваат дека кога ги подигнувате теговите никако не треба да го држите воздухот и да не држите голема тежина, бидејќи тоа може да создаде дополнителен притисок во пределот на стомакот.

Правете ток тест

Бременоста создава промени во вашиот кардиоваскуларен систем, така што следењето на брзината на отчукувањето на срцето со уред за следење не е најдобар начин за проценка колку силно вежбате, тврди физиотерапевтката Кери Пагилано.

Наместо тоа, користете го ток тестот и намалете го интензитетот на вежбање.

Ако ви е потребно повеќе од една минута за да земете воздух и да оддржите нормален разговор, веројатно вежбате онако како не треба.

Полека со стомачните

Во текот на бременоста, навистина не би требало да ги правите стомачните, всушност, во некој момент би можеле да бидат лоши по вас.

По третото тримесечје се препорачува да правите чучневи кои се сосема доволни за да се активираат вашите стомачни мускули.

Иако вежбањето во бременоста е здраво и препорачливо, ако чувствувате болка во градите имате вртоглавица, вагинално крварење, пропуштање на амнионски течности, болни контракции, главоболка, болка во мускулите, која влијае на вашата рамнотежа или отекувате, морате веднаш да престанете да вежбате и консултирајте се со вашиот лекар.