Решена мистеријата за исчезнатата актерска ѕвезда – ја „одрале“ за 129 милиони долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кинеските власти издале наредба до филмската планетарно популарна ѕвезда Фан Бинбинг, која пред неколку месеци без никаква најава и објаснување изчезна од јавноста, да плати 884 милиони јуани (129 милиони долари) данок и казна за затајување на данок, објави денес новинската агенција „Шинхуа“.

37-годишната актерка, чие мистериозно исчезнување во јуни иницираше гласини за тоа што се случило со неа, испадна дека била во домашен притвор. Ѕвездата од „X-Men“ и „Iron Man“, со своето исчезнување ги заинтригира нејзините над 62 милиони обожаватели и следбеници на Weibo, кинеската верзија на Twitter.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fan Bingbing 范冰冰 (@bingbing_fan) on

„Шинхуа“ наведува дека истрагата од кинеските власти покажала дека Фан затаила данок. Кон крајот на мај, на кинеските социјални мрежи протече нејзиниот филмски договор кој го има потпишано Бинбинг. Според пишувањата од тамошните медиуми, актерката имала два различни договори, еден официјален во кој стои дека е исплатена околу 1,5 милиони долари, и друг, приватен, според кој нејзиниот хонорар изнесува 7,5 милиони долари.

Станува збор за таканаречен „јин-јанг договор“, пракса која е добро позната во Кина, а тоа е форма на избегнување даночни обврски во која првиот договор се прикажува пред државните служби, а вториот, оној приватниот, се третира како приход кој не подлежи на данок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fan Bingbing 范冰冰 (@bingbing_fan) on

Даночната инспекција во источната приморска област Јиангсу во неделата донесе одлука во врска со случајот ан Фан, одредувајќи казна од околу 596 милиони јуани (86,7 милиони долари) за избегнување даночна обврска и дополнително, според проценката на затаениот данок, уште 288 милиони јуани (41,9 милиони долари) даночен долг.

Во писмото објавено на нејзиниот официјален Weibo профил, Фан вели дека во целост ја прифаќа одлуката на властите.

Повикувајќи се на неименуван извор, „Саут Чајна Морнинг Пост“ во средата објави дека Фан пред две недели е пуштена од „куќен притвор“ кој го издржуваше во „летувалиштето“ во Јиангсу, кое се користи за спроведување истраги на функционери и од каде се префрла во Пекинг, на понатамошно испитување.