Home Актуелно Верувале или не, по којзнае колку време – сончев и топол ден

Верувале или не, по којзнае колку време – сончев и топол ден

Денеска, понеделник, 19. јуни, времето во Македонија ќе биде претежно сончево и значително потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец и дневна температура до 29 Целзиусови степени. Маврово 21, Охрид 24, Битола 27, Крива Паланка 25, Берово 23, Кавадарци 29, Дојран 31.

Утре времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 22 до 33 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…