Home Актуелно Венецуела во мрак, Мадуро и Гуаидо ги повикаа граѓаните на протести

Венецуела во мрак, Мадуро и Гуаидо ги повикаа граѓаните на протести

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговиот ривал, лидеот на опозицијата Хуан Гуаидо ги повикаа своите поддржувачи да излезат на улица.

Повикот за протести дојде во време кога земјата е во хаос поради општиот недостаток на електрична енергија.

Откако вчера Венецуела е без струја, откажани се многу летови, скратено е работното време, болниците не работо со полн капацитет, ограбени се многу продавници. Власта и опозицијата се обвинуваат меѓусебно за падот на електричниот систем.

-Го повикувам народот на Венецуела масовно да излезе на улица против корумпираниот и неспособен режим, кој не однесе во мрак, напишал на Твитер, самопрогласениот привремен претседател Гуаидо.

Мадуро пак од друга страна ги повика граѓаните да излезат на улица против империјализмот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…