Home Актуелно Велковски му го предаде БЈБ на Тасевски

Велковски му го предаде БЈБ на Тасевски

Во просториите на Министерството за внатрешни работи, денес веќе бившиот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, официјално му ја предаде директорската функција и должност на новоназначениот прв човек на БЈБ, Сашо Тасевски.

Тасевски вчера, на владина седница, ја доби довербата да го води БЈБ.

Претходно, Лазе Велковски, исто така по одлука на Владата, а на предлог на министерот за внатрешни, Оливер Спасовски беше разрешен од функцијата поради скандалот со џипот кој ја превезувал неговата ќерка до одморалиште во Грција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…