Home Актуелно Вељаноски исвиркан од пратениците на ВМРО ДПМНЕ кога побара да се откажат од расправите

Вељаноски исвиркан од пратениците на ВМРО ДПМНЕ кога побара да се откажат од расправите

Претседавач со Собранието, Трајко Вељаноски, ги повика пратениците да се откажат од правото на збор за расправата да добие на динамика и поскоро да се премине на изборот на нов претседавач на Собранието, на што пратениците од ВМРО ДПМНЕ бурно реагираа.

На продолжението на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија се уште се расправа за третата точка од дневниот ред, изборот на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања.

На седницата која започна вчера за збор се пријавија 57 говорници, а денеска собраниската говорница ќе ја има вториот говорник Илија Димовски.

И на денешната седница гости се претставници на дипломатскиот кор кои ќе ја следат седницата од галеријата на собраниската сала.

Вчера СДСМ поднесе иницијатива за избор на претседател на Собранието преку потписи на 20 пратеници.

Изборот на претседател на Собранието е 4 точка на дневен ред на конситутутивнта седница, и не може да се дискутира за неа се додека е отворена започнатата точка, односно избор на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…