Home Спорт Вејд му се придржи на Леброн – пеколниот тандем повторно заедно!

Вејд му се придржи на Леброн – пеколниот тандем повторно заедно!

Двејн Вејд ќе потпише едногодишен договор со Кливленд Кавалирс за кој ќе добие 2,3 милиони долари.

Популарниот „Флеш“ ја искористи можноста повторно да игра во иста екипа со Леброн Џејмс, откако двајцата во Мајами играа заедно и освија две титули.

Вејд пред два дена го напушти Чикаго Булс откако во тимот од родниот град се задржа само една година. Тој се откажа од осум милиони долари од вкупно 23,8 милиони долари колку што требаше да добие од Чикаго во сезоната 2017/2018.

За неговите услуги интерес покажаа Мајами, Оклахома и Сан Антонио, но американските медиуми пренесуваат дека во Кливленд му ветиле дека ќе биде стартер, што покрај можноста повтoрно да игра заедно со Леброн Џејмс било клучно во носењето на одлуката каде ќе ја продолжи кариерата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…